ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

1. ОПШТО

Туристичката агенција ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ ДОО Скопје, правото на заштитата на приватноста и личните податоци на своите клиенти го применува сериозно и одговорно, а при тоа ги презема и сите потребни технички и организациски мерки за спречување на неовластено користење на податоците на посетителите и корисниците.
Политиката за приватност појаснува како ние, ги третираме податоците од Вас и Вашата посета на https://www.terratravel.com.mk (во понатамошниот текст - наша “веб страна” или “веб сајт”), со цел да ја обезбедиме нашата услуга до Вас, како посетители и корисници. Попрецизно, оваа политика за приватност дава објаснување како ние ги собираме, користиме, обработуваме и случаи во кои може да ги откриеме личните податоци, a во врска со Вашето користење на услугите.

2. ДИРЕКТНО ДОСТАВЕНИ ПОДАТОЦИ

Поголемиот дел од податоците кои ги собираме, Вие ни ги давате директно и доброволно, како посетител на https://terratravel.com.mk, со регистрација за добивање на нашите најнови понуди и/или со регистрирација како корисник/купувач на нашите аранжмански услуги преку веб страната https://www.terratravel.com.mk Најчесто се бара да бидат внесени следните информации: име и презиме, датуми на раѓање, е-пошта, адреса на живеење, телефонски број и сл.

3. АВТОМАТСКИ СОБРАНИ ПОДАТОЦИ

Дополнително, кога ја посетувате нашата веб страна или резервирате услуга преку https://terratravel.com.mk, нашите сервери автоматски (преку колачињата) ја регистрираат Вашата посета и собираат одредени технички податоци и информации и тогаш кога вие активно не ги доставувате. Податоците не вклучуваат Ваша содржина и не се генерирани лично од вас, туку истите се поврзани со Вашиот компјутер кога го посетувате веб-сајтот, вклучително, но не ограничувајќи се на видот на прелистувач кој го користите, оперативниот систем, веб-сајтот од кој сте дошле, Вашата интернет протокол (“IP”) адреса. Колачињата Ви овозможуваат исправно и оптимално користење на веб страната. Повеќе информации за колачињата има во точка 6. подолу.

4. НАМЕНА НА СОБРАНИ ПОДАТОЦИ

Било кој податок, даден од ваша страна може да биде искористен на еден од следниве начини:
» да се осигураме дека содржините се прикажани на најефикасен начин за Вас и Вашиот компјутер и да го прилагодиме сајтот на Вашите потреби;
» да ги исполнуваме и управуваме со сите евентуални обврски кои настануваат на основ на било која спогодба заклучена измеѓу Вас како корисник и ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ ДОО;
» да Ви овозможиме да учествувате во интерактивните функции на веб страната;
» да Ве контактираме и известуваме за измените на сајтот или услугите кои ги нудиме (освен ако не сте нагласиле дека тоа не го посакувате);
» да анализираме како корисниците го користат нашиот сајт за интерните потреби во областа на маркетинг и истражување;
» да Ви овозможиме пристап до веб продавницата преку која се процесира вашата нарачка – резервација на услуги.
Вашите податоци нема да ги препродаваме на трети лица, нити да ги користиме за маркетинг за корист на трети лица;

5. ЧУВАЊЕ / СПОДЕЛУВАЊЕ НА ПОДАТОЦИ

Ние имплементираме различни безбедносни мерки за одржување на безбедноста на вашите лични податоци, кога нарачувате или внесувате, поднесувате или пристапувате кон вашите лични податоци. https:www.terratravel.com.mk поседува валидна "Secure Socket Layer" лиценца, или скратено "SSL", со која внесот и обезбедувањето на Вашите податоци на нашите сервери е безбедно енкриптиран.

Ниту еден податок кој го доставите преку сајтот нема да го отркиеме на трети лица освен во следните случаи:

  • како дел од нашите постапки за резервирање и реализација на купената услуга побарана од Ваша страна, основни податоци мора да се даваат на трето лице кое учествува во реализација на услугите;
  • ако сме должни да откриеме или да ги споделиме Вашите лични податоци за да ја исполниме својата законска обврска (на пр. ако за тоа добиеме судски налог или за потребите за спречување на измама или други криминални активости)» можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со трети лици во склоп на продажба на еден дел или целата компанија и имотот на било кое трето лице или во склоп на било какво реконструирање или реорганизација, но при тоа ќе ги превземеме сите чекори за да обезбедиме дека Вашите права на приватност и понатаму ќе бидат заштитени;
  • за заштита на правата, имотот или безбедноста на компанијата ТЕРРА ТРАВЕЛ СКАЈ ДОО Скопје, корисникот на сајтот, или било кое трето лице. Тоа вклучува размена на податоци со други компании и организации со цел заштита од измама.
  • Покрај се претходно наведено, нема да откриваме никакви лични податоци освен ако Вие за тоа не ни дадете дозвола.

6. КОРИСТИМЕ КОЛАЧИЊА ("Cookies")

“Cookie" или “колаче“ е текстуална датотека која ја создава интернет страницата и која се поставува на Вашиот компјутер и содржи информации за Вашите активности на интернет. Информациите во колачињата не содржат податоци за лична идентификација кои ги доставувате до нашиот сајт и истите не ги компромитираат.

Колачињата се користат за да го следат движењето на корисникот низ веб страната, што овозможува оптимално корисничко искуство. Колачето ви помага да го искористите сајтот на најдобриот начин, а нам ни помага да ви ја понудиме прилагодената услуга. Се користат два типа на колачиња - еднократни (сесиски) и трајни. Еднократните овозможуваат ефикасна функционалност на https://www.terratravel.com.mk и автоматски се бришат кога корисникот ќе ја напушти страницата. Постојаните колачиња се зачувуваат подолго во датотеката за колачиња на користениот интернет пребарувач и помагаат страната да ве препознае како постоечки корисник и со да ја оптимизира Вашата навигација низ истата.

Повеќето интернет пребарувачи автоматски прифаќаат колачиња. Во зависност од видот на колачињата, тие можат да се складираат подолго или пократко време на Вашиот уред. По некое време, тие автоматски се бришат. Корисниците може рачно да ги избришат колачињата или целосно да ја оневозможат нивната употреба. Водичот за оневозможување на колачиња се наоѓа под опцијата "help" или напредни подесувања на вашиот интернет пребарувач. Во случај да ги оневозможите колачињата, некои сајтови нема да функционираат како што треба.

Доколку продолжите да го користите сајтот откога сте го прочитале ова известување, заклучуваме дека се согласувате да ги користиме горе-опишаните колачиња. Ако одличите да не ги прифатите колачињата, тоа нема да влијае на Вашиот пристап до повеќето информации кои постојат на https://terratravel.com.mk.

7. ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИ И НИВНА ИЗМЕНА

Ги превземаме сите за нас расположливи методи за заштита на Вашите податоци од губење, уништување и неовластен пристап, објавување или неовластено навлегување. Преземаме разумни мерки за да се овозможи соодветно и навремено ажурирање на податоците. И покрај овие мерки, не постои безбедносна мерка што гарантира комплетна (100%) сигурност во текот на целиот период.

8. НАДВОРЕШНИ ЛИНКОВИ

Повремено, по наша одлука, на оваа веб страна може да бидат вклучени информации, референци, производи и услуги од надворешни субјекти со чии веб страници не управуваме ние. Нашата политика за заштита на приватноста и податоците за личноста не важи и за овие сајтови. Од таму, ние не сме одговорни за содржината и активностите на овие веб страни, како и за нивните политики и пракси за заштита на приватноста.

9. МАЛОЛЕТНИ ЛИЦА

Родителите и старателите имаат обврска да ги информираат своите малолетни деца за безбедно и одговорно ракување со личните податоци. Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели.

10. ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Нашата Политика за приватност може повремено да се менува, без претходно известување. Во случај да дојде до било какви измени во нашата политика за заштита на приватноста, истите ќе бидат објавени на оваа страна. Вашето користење на веб страната подразбира дека ги прифаќате евентуалните измени на Политика за приватност.

11. СОГЛАСНОСТ

Со користењето на нашата веб страна https://www.terratravel.com.mk, Вие се согласувате со оваа политика за приватност.

Користиме "колачиња" (cookies) за да обезбедиме најдобро корисничко искуство и функционалност на веб страната.
Ако продолжите, ќе претпоставиме дека разбирате и прифаќате. Повеќе детали